MK AL EN

ЗА НАС

„Виртус Елиас“ веќе една година претставува успешна приказна за приватна компанија која што е специјализирана за управување и одржување на објекти. Лојалноста кон корисниците придонесе да постанеме верни партнери со десетици репрезентативни објекти лоцирани на територијата на главниот град. Сите тие не одбраа поради домаќинството водење на заеднички делови на зградите и нашето досегашно искуство во градежништвото. Долгорочната соработка со клиентите произлегува од непосредноста во двонасочната комуникација со секој од нив. Успешната реализација на задачите што ги поставуваат нашите клиенти е поткрепена со лиценца за вршење на управување, издадена од Регулаторната комисија за домување.

Мисија

За нас не постојат граници во задоволувањето на барањата на станарите. Одговорноста и посветеноста се синоним во работењето на „Виртус Елиас“. Задоволните корисници и чесноста во работењето претставуваат основна вредност при отпочнување на соработката во управувањето на станбени објекти. Сметаме дека само со највисок квалитет во работењето можеме да ја добиеме и задржиме довербата на граѓаните на ова поле. Мотото што претставува основна водилка во нашето работење е: „Секој станар во својот дом да влегува уште од влезот на зградата“.

Визија

Ние сме сериозна компанија која што е максимално посветена на натамошно етаблирање на македонскиот пазар. „Виртус Елиас“ се стреми да ја зголеми респектабилната бројка на корисници на услугите. Ги разбираме и следиме новите потреби на клиентите. Нашето секојдневно функционирање подразбира континуиран развој на услугите, во насока на остварување на сите потреби и очекувања на клиентите. Визијата за нашата иднина е секогаш цврсто поврзана со задоволување на очекувањата на станарите од сите објекти со кои имаме склучено договори.